Видео

21 февруари, 2019

„Либеро бенд“ откри која му е „Најмила“

По минатогодишниот хит „Моја“, чие видео го промовираа кон крајот на мај, членовите на скопскиот „Либеро бенд“ не престануваат да ја освојуваат публиката. Нивната нова песна го носи насловот „Најмила“ и за разлика од претходната, чиј автор беше макдонскиот рапер Слаткаристика, овој пат музиката ја компонирале самите членови на бендот.

Стиховите пак, се дело на уште едено македонско дуо, хип-хоп и ар-ен -би раперите „2 бона“, односно  Марко Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито, додека за аранжманот се погрижил Иван Иванов – Ивајо, чии исто така се миксот и мастерингот на песната.

Новиот потенцијален хит на групата е во електро-поп-реге стил и претендира со својот заразен рефрен да ги освои радиостаниците и нивните топ-листи, додека во едноставното, но мошне симпатично видео се појавува 23-годишната штипјанка Марија Јовева, модел попозната по своето уметничко име Марис Џолин, која сме ја гледале и во спотовите на други македонски изведувачи, како што е Тајзи.

Новата песна на „Либеро бенд“ и видеото за неа, изработено од  „GodEye Production“ можете да ги проследите во продолжение.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑