Аудио ei-b-rmx

21 јуни, 2014

Летниот хит „Bailando“ на Енрике Иглесијас доби своја ремикс верзија

Популарниот летен хит „Bailando“ на Енрике Иглесијас деновиве доби и свое ремикс издание. Имено, темата која веќе има две верзии – на шпански јазик со кубански музичари Хенте Де Зона и Десемер Буено и на англиски јазик во која гостува раперот Шон Пол, се најде на неговиот десетти студиски албум „Sex + Love“, а за „задолжителната“ клупска верзија се погрижија Мек (Mack) и диџејското дуо од Мајами, Џет Сет Вега. Како звучи летниот хит во ново руво можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑