За Вас

8 јуни, 2018

Летен саем на книгата во „Скопје сити мол“

Од 8 до 13 јуни, во организација на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија и „Скопје сити мол“, ќе се одржи Летен саем на книгата.

Посетителите во „Скопје сити мол“ наредниве шест дена ќе имаат можност да си изберат книги за релаксирано, летно читање од неколку реномирани издавачи: „Просветно дело“, „Детска радост“,  „Магор“, „Бата прес“, „Матица“, „Венеција Штип“, „Икона“, „Нампрес“ и „Логос А“. Изданијата ќе бидат со атрактивни саемски цени, а ќе има избор за сите читателски вкусови и возрасти.

Во рамките на Саемот ќе има детско катче со работилници, а за љубителите на пишаниот збор ќе биде организирано потпишување примероци, гостувања на поети… Од ЗИКМ најавија дека по овој, следуваат уште неколку Летни саеми со цел да им се приближат книгите на читателите и во другите градови.



Врати се горе ↑