Аудио miske

31 мај, 2013

Летен ремикс за лето 2013 од Андреј Миске

Брачните води очигледно му годат на Андреј Миске – откако минатата година стапи во брак, инспирацијата за музика тече непречено и постојано нè изненадува со нови музички парчиња. На самиот праг на летото, Миске направи одличен хаус ремикс кој сигурно ќе го слушаме на секој чекор во текот на претстојното лето.

Тоа што повеќе не е во Скопје, бидејќи се врати во родното Пехчево, воопшто не претставува пречка за Андреј активно и посветено да работи на нова музика. За primetime.mk тој изјави дека најавува големи музички проекти и лансирање на нови имиња: „Тоа што не сум во  Скопје  не значи дека се откажав од музиката. Токму спротивно. Се најдов себе си во Пехчево и допрва планирам да ја збогатам македонската музика. Планирам нови музички проекти и имиња зад кои ќе застанам и како автор и како музичар, а ниту мојата кариера не мислам да ја ставам во мирување“ – вели Миске.

Во продолжение слушнете го новиот летен ремикс.

 



Врати се горе ↑