26 февруари, 2015

„Let In The Sun“ е новиот сингл на „Тејк дет“

По синглот „These Days“ и темата „Get Ready For It“, вториот официјален сингл од актуелниот, седми по ред, студиски албум „III“ на „Тејк дет“ е темата „Let In The Sun“, која ја продуцираше Стјуарт Прајс (Мадона, Кајли Миног) и која неодамна доби и свој видео запис, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Триото премиерно ја изведе песната во живо на доделувањето на британски музички награди, својот поход за освојување на топ листите ќе го започне на 2 март.



Врати се горе ↑