Настани Amnesia poster

16 август, 2013

Лешок ќе грми со третиот по ред „Amnesia Open Air Festival“‏

Тетовските кафулиња „Амнезија“, „Репаблик“ и „Медисон“ заедно со Горила продукција Ви подготвуваат совршен крај на лето 2013 со „Amnesia Open Air Festival“. Трета година по ред најголемиот фестивал на отворено ќе ги собере најдобрите хип хоп, реге и хардкор артисти од регионот. По последните два успешни фестивали и неколку илјадната публика, овој „Амнезија опен ер фестивал“ се очекува да ги сруши досегашните рекорди на посетеност.

Фестивалот ќе се одржи на 27-ми август во Лешок, Тетово, каде под отворено небо, како главен адут на вечерта ќе настапи добро познатата српска банда Бед Копи (Bad Copy), односно контроверзните Ајс Нигрутин, Скај Виклер и Тимбе.

Покрај нив на сцената во Лешок, како домашна поддршка на „Амнезија опен ер фестивал“ ќе настапат домаќините  Конкеринг Лајон, односно најпознатиот даб/реге/хардкор бенд од Тетово. Пред тетовчани и нивните гости со свои музички сетови ќе настапат и диџеј Гоце САФ, диџеј Оки Доки и Спинкор и Рутсман.

Картите за „Амнезија опен ер фестивал“ се веќе пуштени во продажба по симболична цена од 150 денари, а може да се најдат во кафулињата „Амнезија“, „Репаблик“ и „Медисон“.



Врати се горе ↑