Македонија 285246_491079227617123_688689869_n

13 февруари, 2013

Лесен Удар се враќаат на сцената

По четири годишна пауза, групата Лесен Удар повторно се враќа на македонската сцена. Публиката сигурно ги познава по познатите песни „Сафирски Прстен”, „И Тие Денови” и „Лепливи Прсти”. Нивниот уникатен стил беше подолго време во мирување и недостапен до јавноста поради обврски со факултет. Покрај тоа што не беа достапни за јавноста, тие работеа на својот нов проект кој ќе го откриеме за извесно време.

Главната причина што Лесен Удар се враќаат на сцена е потпишувањето на ново формираната маркетинг-агенција „УРБАН ПУЛС”. Покрај хитовските „Сафирски Прстен”, „И Тие Денови” и соработката со познатиот српски артист Марчело, за две недели нивните фанови ќе можат да ја чујат и видат нивната најнова нумера. Од нивната продукција најавуваат албум со многу хитови, спотови, настапи и концерти.

Извор: МММ/фото:фејсбук фан страница на Лесен Удар



Врати се горе ↑