Свет Leona-Lewis

24 септември, 2013

Леона Луис со филмско деби во мјузиклот „Holiday“

28-годишната британска пејачка која својата музичка кариера ја започна со победата на британскиот „X Factor“ во 2006 година, Леона Луис неодамна ја доби и својата прва филмска улога. Станува збор за мјузикл чија приказна е сместена во осумдесеттите години од минатиот век, а филмот насловен „Holiday“ ќе биде во режија на Макс Џива и Даниа Пасквини, кои стојат и позади филмските хитови „StreetDance“.

Оригинално насловен „Walking on Sunshine“, филмот ќе раскаже приказна за љубовен триаголник, а ќе се снима во Италија и Велика Британија. Со оглед на временската рамка, во филмот ќе се слушнат познатите хитови од осумдесеттите, како што се „Holiday“ од Мадона„Girls Just Wanna Have Fun“ од Синди Лопер„Wake Me Up Before You Go-Go“ од Уем„Don’t You Want Me“ од Хјуман Лиг и други.

Покрај овој прв филмски ангажман, пејачката го подготвува и нејзиниот четврт студиски албум, за кој изјави дека ќе биде божиќен албум инспириран од Мотаун (познатата издавачка куќа од Детроит која стои позади музиката на артисти како Дајана Рос, Марвин Геј, Мајкл Џексон, Џексон 5 и многу други), на кој ќе се најдат преработки на класици и оригинален материјал. Нејзиниот последен албум „Glassheart“ го издаде во 2012 година, a еден од најавните синглови за ова издание беше темата „Trouble“, која можете да ја слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑