11 мај, 2015

Леона Луис се враќа со „Оган под нозете“!

Како што Ви пренесовме неодамна, британската ѕвезда којашто се прослави со победата на „Х фактор“, Леона Луис „раскина“ со нејзиниот поранешен шеф Сајмон Кауел и започна ново поглавје во нејзината кариера како ексклузивка на „Јуниверзал мјузик“, а нејзиното ново издание „I Am“ го најави со штотуку објавениот прв сингл насловен „Fire Under My Feet“, чиј видео запис Ве очекува горе.

Нејзиниот петти студиски албум „I Am“ се очекува да излезе до крајот на годинава, а новиот сингл ќе започне да ги освојува топ листите на 29 јуни.



Врати се горе ↑