Свет lldj

17 април, 2015

Леона Луис потпиша за „Деф џем“ и го најави новиот албум „I Am“

Откако „раскина“ со долгогодишниот шеф Сајмон Кауел, британската ѕвезда од „Х фактор“, Леона Луис потпиша договор  за издавање на четири студиски албуми со „Ајленд рекордс“ за британскиот пазар, а сега и со „Деф џем рекордингс“ за САД. И двете издавачки куќи се дел од „Јуниверзал мјузик“. Пејачката ја сподели веста објавувајќи фотографија со јакна, на која е испишано името на познатата издавачка куќа.

Леона објави фотографија и од обвивката на претстојниот, петти по ред студиски албум, чиј наслов е „I Am“, а ќе биде најавен со синглот „Fire“, потпишан од данскиот продуцент Тоби Гед (Мадона, Бијонсе, Џон Леџенд, Џеси Џеј, Ферги…). Таа неодамна настапи во Лондон, каде што отпеа неколку песни од новиот албум, вклучувајќи ги „I Got You, Ladders“, „Thank You“, насловната „I Am“, како и претстојниот прв сингл „Fire“, од кој мал дел можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑