19 декември, 2014

Леона Луис најави нова музика за 2015 година (видео)

По минатогодишниот божиќен албум „Christmas, With Love“, кој го најави со синглот „One More Sleep“, британската ѕвезда Леона Луис во јуни годинава „раскина“ со нејзиниот поранешен шеф Сајмон Кауел, а по заминувањето од етикетата „СајКо“, чиј договор го доби како дел од наградата со победата на „Х фактор“ во 2006 година, пејачката ја продолжува кариерата со „Ајленд рекордс“.

А сега, со нови сили, сопственичката на хитот „Bleeding Love“, кој беше најпродаваниот сингл во 2008, најави нова музика за 2015 година! Имено, 29-годишната ѕвезда денеска објави кусо видео во кое може да се слушне дел од нова песна, за која се надеваме дека ќе пристигне наскоро! Со оглед на тоа што Луис и порано соработувала со фронтменот на „Уан репаблик“ (кои во јуни ги очекуваме во Скопје) – Рајан Тедер, веројатно тој замешал прсти и во оваа нова песна, чиј извадок можете да го слушнете горе.

 И.Ј.



Врати се горе ↑