Свет lenny_kravitz

22 ноември, 2012

Лени Кравиц ќе го глуми Марвин Геј

Славниот музичар Лени Kравиц ќе го глуми Марвин Геј во филмот на Џулиен Темпл. Режисерот Темпл зад себе веќе има неколку музички филмови и видеоспотови, а на Kравиц ова ќе му биде прва главна улога, иако пејачот веќе има настапувано во неколку филмски остварувања како „Игри на гладот“ и „Прешс“.

Филмот, кој ќе се вика „Полноќна љубов“, ќе се фокусира на почетокот од 80-тите години, односно последните години од животот на славниот соул-пејач. Во тоа време Геј е веќе болен алкохоличар и не плаќа даноци, а го спасува музичкиот промотор Фреди Kусерт.

Марвин Геј



Врати се горе ↑