Аудио lenny-kravitz-strut2

24 јуни, 2014

Лени Кравиц го најави новиот албум со „The Chamber“

По пауза од три години, во септември ќе пристигне новиот, десетти по ред студиски албум на Лени Кравиц насловен „Strut“, а како најава за истиот деновиве беше претставен синглот „The Chamber“. Претстојното издание е продуцирано и аранжирано од самиот Кравиц, кој исто така свири и на гитара, клавијатура, тапани и перкусии, а за миксот се погрижи Боб Клирмаунтен, кој соработувал и со имиња како што се Дејвид Боуви, Брус Спрингстин и други.

Во изјава за медиумите, за новиот албум Кравиц вели: „Овој албум ме врати во времето на музиката која најмногу ја сакав, чувствата што ги имав кога бев во средно училиште. Тоа е вистински рокенрол албум – сиров, со душа и го направив за многу кратко време“, вели музичарот кој најави и светска турнеја која ќе започне на 22 октомври во Москва, Русија.

Новиот сингл можете да го слушнете во продолжение, а веднаш потоа и списокот со песни кои ќе се најдат на претстојниот албум „Strut“, закажан за 23 септември.

 

 

„Strut“
1. “Sex”
2. “The Chamber”
3. “Dirty White Boots”
4. “New York City”
5. “The Pleasure and the Pain”
6. “Strut”
7. “Frankenstein”
8. “She’s a Beast”
9. “I’m a Believer”
10. “Happy Birthday”
11. “I Never Want To Let You Down”
12. “Ooo Baby Baby”



Врати се горе ↑