Видео

9 октомври, 2018

Лена носи радост со макфестовскиот „Караван“

„Караванот радост носи каде и да помине“, пее Лена Заткоска во својата нова песна насловена „Караван“, со која се натпреваруваше на неодамна одржаното 33. издание на фестивалот „Макфест“. Иако не успеа да се пласира во финалето, темата доби позитивни критики од слушателите, а сето тоа сега е дополнето и со соодветно видео, носејќи нè на музичка прошетка низ целиот свет.

Како автори на макфестовскиот „Караван“ се потпишуваат Ристо Самарџиев (музика и аранжман) и Кристијан Габроски (текст), а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑