Свет lg-nr-dw

23 декември, 2014

Лејди Гага во студио со Најл Роџерс

Откако во изминатава година се посвети на соработката со Тони Бенет и нивниот заеднички џез албум, изгледа дека Лејди Гага реши да премине на нов жанр. Имено, на интернет со појави фотографија на која музичарката е во студио со диско легендата Најл Роџерс и текстописецот Дајен Ворен, која за оваа соработка наводно рекла: „Се роди класик за сите времиња.“

Пејачката подоцна и на својот профил на Твитер објавила фотографија од прослава на која била со Роџерс, под која напишала дека со него би можела да зборува за музика цела ноќ.

Соработката со џез музичарот Тони Бенет неодамна ја крунисаа и со една празнична тема, а како звучи нивната верзија на „Winter Wonderland“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Извор: Idolator

 



Врати се горе ↑