Свет adel-lady-gaga

22 јануари, 2015

Лејди Гага соработува со Адел?!

По завршувањето на заедничкиот проект со Тони Бенет, Лејди Гага повторно влезе во студио да снима нов материјал, а тоа го најави и со неколку фотографии на нејзиниот профил на Инстаграм. Но, она што веројатно ќе привлече најголемо внимание е неодамна објавеното „селфи“ со британската ѕвезда Адел: „Нема ништо подобро од дружење во среда навечер со прекрасната Адел“, напиша пејачката објавувајќи ја оваа фотографија, за која веќе наголемо се шпекулира дека  претставува најава за соработка помеѓу пејачките.

26-годишната пејачка, која има освоено 10 Греми награди, како и Оскар и Златен глобус за темата „Skyfall“, во текот на годинава ќе го објави својот долгоочекуван, трет по ред, студиски албум, а меѓу соработниците беа споменати имињата на Рајан Тедер, Пол Епворт, како и продуцентите Џејмс Форд и Кид Харпун, кои се познати по соработката со Џеси Вер, Флоренс Велч, „Арктик манкис“ и други.



Врати се горе ↑