6 февруари, 2017

Лејди Гага со одличен настап на „Супер боул“

Националната фудбалска лига годинава ја одбра Лејди Гага да запее на полувремето на најгледаниот настан во САД, 51. по ред „Супер боул“. За овој настап од десетина минути пејачката се подготвуваше повеќе од три месеци, што очигледно се исплатеше бидејќи одржа мини концерт за паметење, исполнет со акробации, танцување и пеење на нејзините најголеми хитови како што се „Poker Face“, „Just Dance“, „Bad Romance“, „Born This Way“, „Telephone“ и „Million Reasons“, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе.

lg

Таа ја искористи пригодата да ја најави и својата светска турнеја насловена „Joanne“, по актуелниот албум објавен во октомври минатата година. Започнувајќи од 1 август сè до средината декември, Лејди Гага ќе одржи концерти во САД, Канада, Јужна Америка и повеќе земји од западна Европа. Се надеваме дека турнејата ќе продолжи и следната година, па ќе имаме можност да ја видиме барем во некоја од соседните земји, ако не и во Македонија.



Врати се горе ↑