29 февруари, 2016

Лејди Гага со емотивен настап на Оскарите

Емотивен настап проследен со громогласен аплауз од присутните синоќа имаше познатата пејачка Лејди Гага, која ја отпеа баладата „Till It Happens to You“, од документарниот филм „Ловиште“, кој зборува за огромниот број случаи на силувања во студентските кампуси.

Пејачката и самата била жртва на силување кога имала само 19 години, но не сакала тоа да биде изразено преку нејзините дела. Сепак, сите чувства излегоа на површина за време на вчерашната изведба, а на сцената се појавија и голем број девојки што преживеале сексуални напади и на нивните раце беше испишана пораката: „Не е твоја вина“. Песната беше номинирана во категоријата „Најдобра оригинална песна“, а како изгледаше сето тоа вчера можете да погледнете горе.

Ова беше втор оскаровски настап за Гага, која и минатата година ја воодушеви публиката со изведбата на песните од култниот мјузикл „Звукот на музиката“, а дека станува сè посериозна и за својата актерска кариера докажува и фактот што неодамна го доби и својот прв Златен глобус за улогата во серијата „Американска хорор приказна: Хотел“. Иако овој пат не успеа да ја добие оваа престижна златна статуетка, голема е веројатноста својот прв Оскар да го добие за некоја улога во филм.



Врати се горе ↑