Видео lg-itfl

2 септември, 2013

Лејди Гага претстави 7 нови песни во Лондон (видео)

Пејачката која имаше чест да ги отвори овогодинешните доделувања на музичките видео награди на MTV, изведувајќи го својот нов сингл „Applause“, со кој го најави третиот студиски албум „ARTPOP“, закажан за 11-ти ноември, Лејди Гага синоќа  го одржа својот прв концерт по операцијата на колкот во февруари годинава.

Гага настапи во рамките на фестивалот „iTunes“ во Лондон, каде што изведе седум песни од претстојното издание. Покрај актуелниот сингл „Applause“, пејачката премиерно отпеа уште шест теми меѓу кои „Sex Dreams“, „Jewels & Drugs“, „Swine“, „Aura“, „Manicure“ и баладата „I Wanna Be With You“, кои можете да ги погледнете во продолжение, а (доколку снимките бидат отстранети од интернет) целиот настап можете да го преслушате (најдолу) преку сервисот SoundCloud.

 

Sex Dreams

 

Jewels & Drugs ft. T.I., Twista & Too Short

 

Swine

 

Aura

 

Manicure

 

I Wanna Be With You

 

Applause

 

 



Врати се горе ↑