Свет

13 март, 2019

Лејди Гага потврди дека работи на нов албум

Откако ги собра едни од најпосакуваните награди за секој уметник – Златен глобус и Оскар за филмскиот дует „Shallow“ – популарната пејачка и актерка Лејди Гага потврди дека го подготвува своето шесто студиско издание.

„Гласини дека сум бремена? Да, бремена сум со #ЛГ6“, напиша таа на Твитер, воедно отфрлајќи ги гласините дека е во блажена состојба.

33-годишната ѕвезда е позната по тоа што сака предизвици и експериментирања во музиката, па според соработниците на новиот материјал се чини дека нè oчекува уште едно интересно поглавје од нејзината плодна музичка кариера. Имено, веста дека се подготвува новиот албум ја споделил и хитмејкерот БладПоп (BloodPop), давајќи знак дека има клучна улога во новиот материјал, а тука е и германскиот електро-виртуоз Бојз Нојз (Boys Noize), кој открил дека Гага „одлично се снаоѓа во техно“.

Дали тоа значи дека новопечената оскаровка ќе им се наврати на своите почетоци и на песните во стилот на „Poker Face“, „Just Dance“ и „Paparazzi“, се надеваме ќе дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑