Свет madonna-and-lady-gaga

8 ноември, 2012

Лејди Гага одби дует со Мадона

Во изминатите година дена, поп дивите Мадона и Лејди Гага често се „боцкаа“ една со друга преку изјавите за медиумите, но и на концертите. Прво Мадона го вметнала рефренот „Born This Way“ во изведбата на песната „Respect Yourself“ за да докаже дека Гага е плагијатор, а потоа и отворено ја нападна пејачката во едно интервју за мрежата ABC.

На концертот во градот Сент Пол во Минесота, Мадона изјавила дека не ѝ замерува на колешката. Таа рекла дека ги има најдобрите фанови на светот, па нека види Лејди Гага што ќе прави со тоа бидејќи ја поканила да ѝ се придружи на сцена, а таа ја одбила, но тоа се случувало и порано, помага во градењето на карактерот.

Американската турнеја на Мадона ќе заврши со концертот во Мајами на 20-ти ноември, а потоа поп кралицата ќе продолжи со турнеја во Јужна Америка.

Извор: Billboard.com



Врати се горе ↑