29 јануари, 2018

Лејди Гага објави пијано-верзија на баладата „Joanne“

Насловната тема од албумот „Joanne“ е третиот сингл од ова издание на Лејди Гага, кој ќе ги освојува топ-листите во ново руво. Имено, пејачката деновиве ја претстави пијано-верзијата на песната со поднаслов „Where Are You Going?“, која заедно со продуцентот Марк Ронсон ја изведе и на вчерашното доделување на музичките награди Греми, сето тоа спакувано со видео ве очекува горе.

 

Како што е познато, целиот албум е посветен на нејзината тетка Џоен, која иако починала 12 години пред да се роди Гага, нејзината смрт имала огромно влијание врз нејзиното семејство, а Џоен е и средното име на Лејди Гага – Стефани Џоен Анџелина Џерманота.



Врати се горе ↑