Аудио lg bc

21 април, 2017

Лејди Гага објави нов сингл и започна со снимање на новиот филм

За време на неодамнешниот настап на популарниот фестивал „Коачела“, Лејди Гага премиерно го претстави својот нов сингл насловен „The Cure“, кој веќе може да се слушне и на нејзиниот официјален канал на Јутјуб. Песната доаѓа доста брзо после минатогодишниот албум „Joanne“, кој го објави во октомври и од кој произлегоа хитовите „Perfect Illusion“ и „Million Reasons“.

31-годишната ѕвезда веќе започна и со снимање на римејкот на филмот „Ѕвездата е родена“ (A Star Is Born), во кој освен што ќе се појави како централен лик, ќе биде задолжена да компонира и напише сосема нови песни. Зад овој проект стои холивудскиот актер и продуцент Бредли Купер, кој воедно ја игра и главната машка улога, а деновиве веќе осамнаа неколку фотографии од снимањето, каде што Гага и Купер се бакнуваат на бензинска пумпа.

3F5AAC6E00000578-4423564-Leading_man_Bradley_will_play_the_alcoholic_movie_star_who_helps-a-10_1492568771763

3F5AB16200000578-4423564-Rocker_chic_Gaga_nailed_her_edgy_biker_look-a-31_1492572423900

Ова ќе биде четврта екранизација на популарниот мјузикл, кој претходно, во 1937 година, го снимија Џенет Гејнор и Фредрик Марч, потоа Џуди Гарланд и Џејмс Мејсон во 1954, како и Барбра Страјсенд и Крис Кристоферсон во 1976 година. Покрај Бредли и Гага, која во најавата на филмот е потпишана со вистинското име, Стефани Џерманота, во останатите улоги ќе ги видиме Реј Лиота, Сем Елиот и Ендру Дајс Клеј. Премиерата се очекува во текот на следната година.

3F5AADFF00000578-4423564-Cute_The_pair_were_seen_kissing_for_the_gas_station_scene-m-18_1492568893125

Фотографии: Dailymail.co.uk



Врати се горе ↑