Аудио TLC__lady_gaga

29 јули, 2013

Лејди Гага напиша песна за „Ти-ел-си“: Слушнете ја „Posh Life“

Како што Ви пренесовме во ноември минатата година, преостанатите две членки од познатиот женски бенд „Ти-ел-си“, кој со преку 65 милиони продадени примероци е втор најпродаван женски бенд во историјата (на прво место се „Спајс грлс“), Тион „Ти-Боз“  Воткинс и Розанда „Чили“ Томас го најавија своето враќање на музичката сцена. На јапонските доделувања музичките видео награди на „Ем-ти-ви“ годинава, девојките ја добија престижната награда „Легенда“, најавувајќи неколку нови изданија меѓу кои и филмот „CrazySexyCool: The TLC Story“ кој ќе биде прикажан во октомври на „Ви-ејч-уан“ (трејлерот можете да го видите подолу), како и нов албум со нови и „доработени“ верзии на најголемите хитови на бендот, кој најверојатно ќе биде објавен до крајот на годинава.

 

Една од новите песни кои ќе се најдат на претстојното издание ја напиша овогодишната ѕвезда на Ем-ти-ви Ви-ем-еј“, Лејди Гага. Интересно е тоа што демо верзијата во која се слуша гласот на Гага деновиве се најде на интернет. Иако не е познато кога ќе излезе новиот албум на „Ти-ел-си“, како и тоа кога ќе може да се слушне финалната верзија на песната,  во продолжение слушнете како звучи „Posh Life“ во изведба на Лејди Гага.

Извор: MTV.com



Врати се горе ↑