Свет

1 септември, 2018

Лејди Гага напиша 14 нови песни за саундтракот на „Ѕвездата е родена“

Потписот на Лејди Гага стои на дури 14 од 34-те песни што ќе бидат сместени на саундтракот за новиот римејк на мјузиклот „Ѕвездата е родена“, во кој музичката ѕвезда ја игра и главната улога. Покрај преработката на „La Vie En Rose“ и дуетот со Бредли Купер насловен „Diggin’ My Grave“, Гага се потпиша самостојно или како коавтор на најголемиот дел од песните, а на импресивната листа со соработници се најдоа и имиња како што се продуцентот Марк Ронсон, кантри-легендата Лори Мекена, Џулија Мајклс, Џастин Трантер, Дајен Ворен и други.

Саундтракот за „Ѕвездата е родена“ е закажан за 5 октомври, истиот ден кога и самиот филм ќе ја доживее својата премиера. Оваа четврта филмска адаптација на култниот мјузикл воедно е и режисерско деби за холивудската ѕвезда Бредли Купер, кој ја игра и главната машка улога, а во останатите улоги ќе ги видиме Дејв Шапел, Сем Елиот и Ендру Дајс Клеј.

 

Список со песни за саундтракот на „Ѕвездата е родена“:

1. Intro

2. Black Eyes (во изведба на Бредли Купер)

3. Somewhere Over The Rainbow

4. Fabulous French

5. La Vie En Rose (во изведба на Лејди Гага)

6. I’ll Wait For You

7. Maybe It’s Time  (во изведба на Бредли Купер)

8. Parking Lot

9. Out of Time (во изведба на Бредли Купер)

10. Alibi (во изведба на Бредли Купер)

11. Trust Me

12. Shallow (во изведба на Лејди Гага и Бредли Купер)

13. First Stop, Arizona

14. Music To My Eyes (во изведба на Лејди Гага и Бредли Купер)

15. Diggin’ My Grave (во изведба на Лејди Гага и Бредли Купер)

16. I Love You

17. Always Remember Us This Way (во изведба на Лејди Гага)

18. Unbelievable

19. How Do You Hear It?

20. Look What I Found (во изведба на Лејди Гага)

21. Memphis

22. Heal Me (во изведба на Лејди Гага)

23. I Don’t Know What Love Is (во изведба на Лејди Гага и Бредли Купер)

24. Vows

25. Is That Alright? (во изведба на Лејди Гага)

26. SNL

27. Why Did You Do That? (во изведба на Лејди Гага)

28. Hair Body Face (во изведба на Лејди Гага)

29. Scene 98

30. Before I Cry(во изведба на Лејди Гага)

31. Too Far Gone –(во изведба на Бредли Купер)

32. Twelve Notes

33. I’ll Never Love Again (Film Version) / (во изведба на Лејди Гага)

34. I’ll Never Love Again (Extended Version) / (во изведба на Лејди Гага)



Врати се горе ↑