Видео

26 август, 2017

Лејди Гага најави документарен филм

Лејди Гага ќе им овозможи на своите обожаватели да ѕирнат зад маската во новиот документарен филм за Нетфликс насловен „Gaga: Five Foot Two“ (Гага: метар и 57 сантиметри), чија премиера е закажана за 22 септември. Поп ѕвездата објави неколку куси извадоци од филмот, во кои се прикажани сцени од концерти, проби, но и од интимни моменти во кои пејачката открива колку е осамена.

лг

Можеби најинтригантната сцена е онаа во посета на лекар, каде што ѕвездата се жали на интензивни болки во колковите заради што откажа неколку концерти во рамките на турнејата „Born This Way“ во 2013 година. Сите извадоци споени во едно видео можете да ги погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑