Свет 01

27 декември, 2012

Лејди Гага најави биографски филм

Лејди Гага преку сервисот Твитер потврдила дека е во план да се сними документарен филм за нејзиниот живот, како и тоа дека ова издание ќе има врска со нејзиниот нов албум „ARTPOP“, кој се очекува следната година, пренесува блогот PopCrush. Во нејзината прва изјава, пејачката кажала дека нејзиниот долгогодишен соработник, фотографот Тери Ричардсон, работи на филм со работен наслов „Lady Gaga MOVIE“. За сега не е јасно дали тој ќе биде и режисер или само снимател, како и тоа дали овој филм ќе го документира нејзиниот живот, создавањето на албумот ARTPOP и фановите, додека во следната изјава се заблагодарила на поддршката и трпението за новото издание.

Како што може да се забележи од некои од коментарите на Твитер, оваа вест не е сосема нова, но сега добила и полуофицијална потврда, но за заедничкиот биографски филм на кој би работеле пејачката и 47 годишниот фотограф се зборува веќе половина година. Тери Ричардсон минатата година објави и книга со фотографии „Lady Gaga x Terry Richardson“.

 



Врати се горе ↑