Свет 194202910150bcab724f1fc734350721_orig

4 декември, 2012

Лејди Гага купи 55 костими од Мајкл Џексон

Во неделата се одржа аукција на која беа изложени за продажба костимите на покојниот крал на поп музиката, Мајкл Џексон. Американската пејачка Лејди Гага купила 55 од нив на оваа аукција на куќата „Џулиенс“, а истите планира да ги „архивира и стручно да ги сочува во духот на љубовта за Мајкл Џексон, неговата храброст и фановите ширум светот“, пренесува АП.

Аукционерот Дарен Џулиен рекол дека јакната која Џексон ја носел во текот на турнејата „Bad“, е продадена за 240.000 долари, додека двете ракавици украсени со кристали се продадени за преку 100.000 долари по ракавица. Колекцијата на долгогодишните костимографи на Џексон, Денис Томпкинс и Мајкл Буш, е продадена за преку пет милиони долари, а дел од приходите ќе биде уплатен во хуманитарни цели.

Извор: b92.net/фото: Beta



Врати се горе ↑