Свет gaga

26 јули, 2013

Лејди Гага ќе настапи на MTV VMA 2013

Лејди Гага неодамна ги објави деталите околу претстојниот албум „ARTPOP“, кој како мултимедијална апликација ќе пристигне на 11-ти ноември, а првиот сингл кој ќе го најави ова издание ќе биде претставен на 19-ти август. Само неколку дена подоцна, на 25-ти август, Гага за прв пат ќе го изведе нејзиниот нов сингл во живо за време на доделувањето на јубилејните 30-ти доделувања на видео музичките награди на MTV во Бруклин, Њујорк. (Номинациите можете да ги видите овде)

Пејачката соработувала и со групата ТиЕлСи, потпишувајќи се како коавтор на една од четирите нови песни кои ќе се најдат на претстојната албумска компилација од најголемите хитови на популарната група. Во продолжение погледнете го настапот на Гага на MTV VMA од 2009 година, кога го изведе големиот хит „Paparazzi“.

 



Врати се горе ↑