28 октомври, 2013

Лејди Гага ја претстави „Venus“ на британскиот X Factor

Како што се наближува 11-ти ноември, односно датумот кога ќе биде објавен третиот студиски албум на Лејди Гага насловен „ARTPOP“, пејачката продолжува со промоција на песните кои ќе се најдат на новото издание. По најавниот сингл „Applaus“, Гага ја претстави и темата „Aura“, која ќе се најде и на саундтракот за филмот „Machete Kills“, во кој пејачката го има своето филмско деби, а неодамна ги претстави и дуетот со Ар Кели и песната „Gypsy“.

Ѕвездата чие вистинско име е Стефани Џоен Анџелина Џерманота, синоќа гостуваше во британскиот X Factor, кадешто настапи со 2 нејзини песни од претстојниот албум, односно дел од дуетот со Кели – „Do What You Want“ и „Venus“. На прашањето зошто изведе две песни (вообичаено гостите претставуваат по една), пејачката одговори: „Работев на албумот веќе две години и навистина сакав да го покажам неговиот ’вкус’. ’Venus’ е првата песна којашто самата ја продуцирав, а ’Do What You Want’ е мојот нов сингл и сакав, односно се надевам дека ја покажав мојата разновидност како автор. Исто така го сакам Ар Кели!“ – вели Гага, додавајќи: „Созревањето и тоа што толку брзо станав славна беше еден од најтешките периоди низ кои сум поминала, но на крајот од денот сè што сакам е само да бидам изведувач и да ги гледам сите овие насмевки.“ 

Синоќешниот настап можете да го погледнете горе, а новата песна „Venus“ слушнете ја во продолжение.

 



Врати се горе ↑