Свет article_big_1359403347lady_gaga_youtube_site_screenshot

29 јануари, 2013

Лејди Гага „изгубила“ 156 милиони прегледи на YouTube

Уште во декември, серивисот ЈуТјуб решил да го „ревидира“ бројот на прегледи кои под своите видео записи ги имаа изведувачите на компаниите Sony Music Entertainment и Universal Music Group, како и припадничките етикети. Големото „чистење“ на прегледите, кои се смета дека се сомнителни, резултирало со преку 2 милијарди прегледи, а најмногу се погодени изведувачи како што се Ријана, Мајкл Џексон, Крис Браун, Леона Луис и Бијонсе, пишува магазинот Billboard. На ред за „претрес“ дошла и Лејди Гага, чиј VEVO канал бил „корегиран“ деновиве, а сега е „поправен“ и бројот на прегледи на сервисот ЈуТјуб, кој е намален за 156 милиони прегледи.

Се смета дека се отстранети прегледите направени со користење на хакерски софтвери и изнајмување експерти кои се бават со „подигнување“ на разни рејтинзи на социјалните мрежи, а како што се открива, многу менаџери и издавачки куќу во изминатиот период се користеле со слични технологии. Од сервисот ЈуТјуб најавуваат и продолжение од акцијата на „чистење“ од автоматски, односно лажни прегледи, а како е можно да се „напумпа“ бројот на прегледи, можете да прочитате во истражувачкиот текст кој го објави новинарот Чејс Хофбергер, кој се „почестил“ со 60 000 прегледи на ЈуТјуб кои ги нарачал од хакер за само 50 долари.

Според магазинот Readwrite, артисти чии канали на VEVO покажуваат знаци на „пумпање“ на бројот на прегледи се и Бритни Спирс, Бекстрит Бојс и Ен Синк, додека Кејти Пери се покажала како „најчесна“ со тоа што нејзниот канал нема знаци на „пумпање“ на прегледи.

Извор: NME/Billboard/MTV



Врати се горе ↑