Свет LG

7 ноември, 2012

Лејди Гага има нов авион

Како што пишува американскиот MTV, не е лесно да се импресионира некого со тоа што ќе именуваат цел еден вид на растенија според нивното име, но Лејди Гага била дефинитивно прилично импресионирана кога од нејзината промотерска куќа, познатата компанија Live Nation, за подарок добила свој личен авион Боинг 757. Во соопштението пишува дека компанијата решила да и возврати на пејачката со „скромен“ подарок, бидејќи нејзината тековна турнеја до сега им донела приход ос 227.4 милиони долари.

Преки сервисот Твитер, пејачката го споделила нејзиното воодушевување со фановите, како и малиот проблем што авионот е премногу голем за да го фотографира. Но, малку подоцна некои од фотографиите се појавиле на нејзнината фејсбук страница.

Ако се прашувате зошто Гага е толку воодушевена, тоа е веројатно затоа што таа секако лета со приватни авиони, но овој 757 е „брендиран“ во знакот на Лејди Гага и опремен со сè што и одговара, а тоа се гледа и од нејзниот коментар на Фејсбук, покрај интернетот што е достапен цело време, издвоила и огромно количество од италијански пршут.

Извор: MTV

 

 



Врати се горе ↑