27 ноември, 2014

Лејди Гага и Тони Бенет со нов видео запис

Како што е познато, Лејди Гага и Тони Бенет на 23 септември го објавија својот заеднички албум „Cheek to Cheek“, кој содржи преработки на класични џез теми. По видео записите за песните „Anything Goes“ и „I Can’t Give You Anything But Love“, деновиве пристигна уште еден промотивен видео запис во кој пејачката и легендарниот џез музичар ја изведуваат добро познатата „It Don’t Mean a Thing (If It Ain’t Got That Swing)“, која во 1931 година ја компонирал Дјук Елингтон. Како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

 

 



Врати се горе ↑