Свет Lady-Gaga-Tony-Bennett

26 јануари, 2013

Лејди Гага и Тони Бенет снимаат џез албум

Лејди Гага на нејзиниот Твитер профил потврди дека ќе сними албум со познатиот џез музичар Тони Бенет, со кој веќе соработуваа за преработката на песната „The Lady Is A Tramp“, која се најде на минатогодишниот албум на Бенет насловен „Duets II“. Вестите пристигнаа веднаш по нивниот заеднички настап на инаугурацискиот бал за американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон.

Сè уште не е познато кога ќе може да се слушне новиот материјал од ова издание, а ѕвездата чиј албум „ARTPOP“ е закажан за пролетва, изјавила дека е многу возбудена што повторно ќе соработува со легендарниот музичар.

 



Врати се горе ↑