Видео

9 февруари, 2017

Лејди Гага и „Металика“ со заеднички настап на „Греми 2017“

Лејди Гага деновиве е во центарот на вниманието благодарение на одличниот настап на полувремето на „Супер боул“, но за само неколку дена публиката ќе има можност да проследи уште една одлична изведба на популарната пејачка, овој пат во дует со колегите од „Металика“.

Имено, музичарите ќе настапат заедно на годинешното, 59. по ред доделување на музичките награди „Греми“, кое ќе се одржи в недела, 12 февруари, во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес. Ова воедно ќе биде трета година со ред како Гага настапува на оваа манифестација. Таа минатата година му оддаде чест на легендарниот колега Дејвид Боуви, а во 2015 пееше во дует со Тони Бенет.

30-годишната ѕвезда денеска го објави и видеото за најновиот сингл од актуелното издание „Joanne“, темата „John Wayne“, а како изгледа сето тоа можете да погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑