Свет Untitled-1

11 декември, 2012

Лејди Гага и Брус Спрингстин ќе бидат гости на концертот на Стоунси

Легендарниот бенд Ролинг Стоунс ги покани Лејди Гага и Брус Спрингстин, како и бендот Блек Кис (The Black Keys) да бидат гости на нивниот концерт со кој ќе го обележат нивниот јубилеј од 50 години кариера, а истиот ќе се одржи на 15-ти овој месец во Њуарк.

„Ние сме воодушевени што тие одлични музичари се согласија заедно да ја прославиме нашата педесетта годишнина“ – пишува во соопштението на членовите од бендот. Стоунси во рамките на нивната мини турнеја „50 and Counting“ свиреа во Лондон и во Њујорк (Бруклин), на 12-ти декември ќе се одржи концерт со цел да се соберат средства за жртвите на ураганот Сенди во Њујорк, а ќе настапат уште и во Њуарк на 13-ти и 15-ти овој месец, исто така во рамките на оваа мини турнеја, пишува Billboard.

 



Врати се горе ↑