2 мај, 2017

Лејди Гага го претстави видеото за „The Cure“

Лејди Гага објави текстуално видео за песната „The Cure“, која неодамна ја претстави на фестивалот „Коачела“. Во видеото таа седи во сатенска соба додека камерата „лебди“ околу неа, што предизвикува чусвтво како сè да се случува во сон. Нејзините обожаватели забележаа и дека е тешко да се читаат зборовите од песната без да ви се заврти во главата.

Инаку, овој нов сингл на Гага се појави точно шест месеци од објавувањето на албумот „Joanne“, чиј материјал во моментов го промовира и во рамките на истоимената светска турнеја. Исто така, пејачката неодамна започна со снимање на римејкот на филмот „Ѕвездата е родена“, каде што ја игра главната улога заедно со актерот и режисер Бредли Купер.

 



Врати се горе ↑