Видео

9 јуни, 2018

Лејди Гага блесна во трејлерот за римејкот на „Ѕвездата е родена“

Освен успешната музичка кариера, американската пејачка Лејди Гага веќе се докажа и како одлична актерка, освојувајќи и Златен глобус за улогата во серијата „Американска хорор приказна: Хотел“ (2016), а сега конечно ќе ја видиме и како главен лик во филм. Станува збор за римејкот на култниот мјузикл „Ѕвездата е родена“ (A Star Is Born), воедно и режисерско деби за холивудскиот актер Бредли Купер, кој ја игра и главната машка улога.

Ова ќе биде четврта екранизација на „Ѕвездата е родена“, филм кој првично го снимија Џенет Гејнор и Фредрик Марч во 1937 година, а во 1954 го снимија Џуди Гарланд и Џејмс Мејсон, додека Барбра Страјсенд и Крис Кристоферсон направија своја рок-верзија во 1976 година. Покрај Бредли и Гага, која во најавата на филмот е потпишана со вистинското име, Стефани Џерманота, во останатите улоги ќе ги видиме Дејв Шапел, Сем Елиот и Ендру Дајс Клеј.

Free Watch A Star is Born (2018) Bradley Cooper Lady Gaga Sam Elliott One

Освен што ја игра главната улога, сосема очекувано Лејди Гага напиша и неколку песни за официјалниот саундтрак што ќе го следи филмот. Како што откри Купер, сите песни се нови, оригинални композиции, а една од нив, „The Shallow“, чии автори се Лејди Гага и продуцентот Марк Ронсон, може да се слушне и во трејлерот. Исто така, неколку песни напиша и синот на кантри-легендата Вили Нелсон, Лукас Нелсон.

Премиерата е закажана за 5 октомври во САД и во Велика Британија, а првиот официјален трејлер за оваа најнова адаптација на „Ѕвездата е родена“ можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑