Свет forbes_site_screenshot

28 јуни, 2013

Лејди Гага, Бијонсе и Мадона на врвот на листата на Форбс

Магазинот Форбс објави уште една годишна Celebrity 100“ листа во која познатите личности од забавниот свет се рангирани по неколку критериуми – покрај заработката која ја оствариле во текот на претходната година, ѕвездите добиле и поени во категориите кои го одразуваат нивниот „статус во медиумите“, каде што посебно внимание е обрнато на категоријата „тв и радио“, „социјалните мрежи“ се бодувани посебно, а тука е и проценката на нивните „позиции на пазарот“ (целата листа можете да ја видите тука)

На самиот врв повторно се најде Опра Винфри, која ја зазема оваа позиција веќе неколку сезони. Но, годинава во најдобрите десет се најдоа бројни личности од светот на музиката, а прва меѓу нив е Лејди Гага, која се најде на втората позиција на оваа листа. На четвртата и петтата позивија се наоѓаат Бијонсе и Мадона, додека на следните две позиции следат Тејлор Свифт и Бон Џови, а Џастин Бибер годинава се најде на местото број 9. Во продолжение погледнете ги најдобрите 10 според изборот на Форбс за листата „Celebrity 100“:

1. Опра Винфри

2. Леди Гага

3.Стивен Спилберг

4. Бијонсе

5. Мадона

6. Тејлор Свифт

7. Џон Бон Џови

8. Роџер Федерер

9. Џастин Бибер

10. Елен ДеЏенерис

Од оваа листа е извлечена и посебна „Celeb 100: Power Musicians“ листа  на Форбс во која се наоѓаат само имињата на славните од светот на музиката и проценката на нивната финансиска и медиумска моќ. Во пролжение погледнете ги најдобрите десет од оваа листа, а  целата можете да ја видите овде.

1. Лејди Гага

2. Бијонсе

3. Мадона

4. Тејлор Свифт

5. Бон Џови

6. Џастин Бибер

7. Џенифер Лопез

8. Ријана

9. Колдплеј

10. Кејти Пери

 



Врати се горе ↑