6 февруари, 2015

„Лего“ пародија на „50 нијанси на сиво“

Објавен е уште еден трејлер за филмот „50 нијанси на сиво“, но овој пат во „Лего“ издание. Имено, Антонио и Андреа Тоскано целосно го рекреираа оригиналниот трејлер со помош на овие познати дански коцки и „стоп-моушн“ аминации, а ја искористија и филмската верзија на „Crazy In Love“ од Бијонсе. Како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Од саундтракот на ова долгоочекувано филмско остварување веќе имавме можност да ги слушнеме темите Love Me Like You Do од Ели Гоулдинг, Salted Wound од Сиа и Earned It од Викенд, кој деновиве ја објави и втората негова песна „Where You Belong“, а Скајлар Греј ја претстави „I Know You“. Двете нови песни можете да ги преслушате во продолжение.

 



Врати се горе ↑