Концерт 10380980_10153353901918619_1467468235037671547_n

24 април, 2015

„Легијата“ и диџеј од Лондон специјални гости вечерва на концертот на „С.А.Ф.“

Изненадувачки големиот интерес за вечерашниот концерт на „С.А.Ф.“ на Скопски саем не престанува! Голем број фанови од цела Македонија се организираат по социјалните мрежи за заеднички да го проследат според нив најважниот концерт на деценијата. „С.А.Ф.“ вечерва, на радост на нивните поддржувачи, во продажба ќе ги пуштат и репликите на винил плочите, цедеата и демо касетата  од култниот албум „Сафизам“, а ќе може да се купат и маички.

Денеска „С.А.Ф.“ ги открија и гостите кои ќе се појават на концертот – „Легијата“ и диџеј од Лондон, чие име сè уште го држат во тајност. Концертот ќе започне во 21.00, а ќе трае сè до 01.00 часот по полноќ. 4 часа „олд скул“ рап, 4 часа забава и рап едукација. Тоа е она што за вечерва го ветуваат Гоце, Смилен и Пикиспи. 

Оние кои сè уште немаат набавено карти, тоа ќе можат да го направат на влезот на Скопски саем. Картите се по цена од 300 денари.



Врати се горе ↑