Македонија 1610905_912347622120212_3892297095683414674_n (1)

7 април, 2015

Легендата се враќа: Драган Б. Костиќ со нов проект наречен „Кавервил“

Заминувањето во пензија секако дека не значи крај на работата. Барем не за сите оние кои се вљубени во својата професија, како што е легендарниот Драган Б. Костиќ, кој повеќе од две децении нè забавуваше и едуцираше за музиката и од кој сè уште учи секој музички новинар.

„Признавам, ми требаше една година за да самиот се убедам дека ’Заборави ако можеш’ и ’Диско селектор’, на одредено време треба да ги тргнам крај себе, а пред себе да ја поставам дамнешната идеа, за која во изминативе години немаше време а ни простор за реализација. И по повеќемесечни подготовки, на повидок е новиот проект наречен ’КАВЕРВИЛ’. Тежок за работа, лесен за слушање, со исцрпувачки дневен ритам, содржински и технички – врвен. Бара многу работа, но задоволството при преслушувањето е двојно. Како автор презадоволен сум, одамна не сум работел со такво задоволство, верба и љубов. Деновиве ќе бидат соопштени сите детали, за кои верувам на многумина од вас, сметајќи ве за искрени пријатели, ќе им развлечат насмевка, пред сè заради нескриената искрена желба: емисијата да допре до што повеќе луѓе. Еден од едноставните начини е да го отворите линкот на штотуку воспоставената фан страна на КАВЕРВИЛ, на истата да лајкувате и можеби ја шерувате за да и луѓето од вашиот круг пријатели сознаат за неа. А за што би ви бил искрено благодарен. Срдечно Ве поздравувам до следниот се надевам, звучен поздрав“, порача Костиќ на Фејсбук, а на кои фреквенции ќе можеме да го следиме новиот проект, ќе дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑