Концерт whitesnake-sk

15 април, 2015

Легендарните „Вајтснејк“ доаѓаат во Скопје!

Како што јавува и официјалниот веб на „Вајтснејк“ (Whitesnake), „Авалон продукција“ со огромно задоволство Ве информира дека  еден од најголемите рок бендови на сите времиња (100 greatest artist of hard rock ever) го вклучи и Скопје во рамките на новата светска турнеја „The Purple Tour“. Во рамките на „Виолетовата турнеја“  бендот ќе го промовира својот нов The Purple Album”, кој во продажба ќе биде од 19 мај.

Како што веќе веројатно знаете, Дејвид Кавердејл (David Coverdale) одлучи да сними албум на кој ги стави своите омилени песни кои ги отпеа во период од 1973 до 1976 година, на албумите од „Дип парпл“ – „Burn“, Stormbringer“ и Come Taste the Band“, песни кои  во најголем број ги напишаа заедно со легендарниот Ричи Блекмор (Ritchie Blackmore).

 

За овој албум Кавердејл изјави:

„Овој албум го издавам во знак на голема благодарност кон групата ’Дип парпл’. Како што неодамна му реков на Ричи – вие момци ме однесовте на неверојатно музичко патување кое сè уште трае и благословен сум што ве имав за учители! Едвај чекам да ги отпеам овие прекрасни песни во живо и да запловам со фановите во ’виолетова’ магија!“

 

Концертот ќе содржи на 25 ноември во арената „Борис Трајковски“.

Навистина се работи за „once in a life time“ концерти на „Вајтснејк“, со единствена можност публиката во една вечер да ги чуе најголемите „Дип парпл“ хитови „Burn, „Stormbringer“, „Soldier of Fortune“, „The Gypsy како и „Вајтснејк“ хитовите: Here I go Again“, „Fool For You Loving“, „Still Of The Night“, „Is this Love …

 

Влезниците за овој голем спектакл за целата светска турнеја  во продажба ќе бидат пуштени на 17 април, а во Македонија ќе можат да се набават преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com. „Авалон продукција“ освен во Скопје е организатор на концертите на „Вајтснејк“ и во Белград  на 22.11.2015 во салата „Пионир“ и Загреб  на 21.11.2015  во КЦ „Дражен Петровиќ“ (Цибона).

 



Врати се горе ↑