Концерт

26 октомври, 2017

Легендарните „Џипси кингс“ предновогодишно во Скопје!

„Авалон продукција“ со задоволство информира дека е познато финалното шоу за историски успешната концертна 2017 година во Македонија. На 22 декември, како второ издание на настанот „Сè што ти треба е љубов“ или „All You Need Is Love“, во ВИП арената „Борис Трајковски“ новогодишен концерт ќе одржи една од најуспешните светски атракции „Џипси кингс“. Актуелната формација на бендот, предводена од Пако и Микаел Балијардо, доаѓа во Скопје со сет од нивните најголеми хитови, директно да влијаат на предновогодишната атмосфера во Скопје.

Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, „Џипси кингс“ станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Нашата публика ќе ужива во најголемите хитови како што се: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“, „Djobi, Djoba“, „Bem, Bem, Maria“ и уште многу други хитови.

Во текот на речиси тридецениската кариера, „Џипси кингс“ имаше неколку светски турнеи и продаде над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Манитас де Плата, чие вистинско име е Рикардо Балијардо, припаѓа меѓу најголемите гитаристи на сите времиња. После шест номинации за наградите Греми, „Џипси кингс“ во 2014 година конечно се закитија со ова престижно признание, и тоа за најдобар албум со наслов „Savor flamenco“.

Продажбата на влезниците за предновогодишната забава во Скопје ќе започне оваа сабота, 28 октомври, точно во 9 часот, а истите ќе можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Мскедонија, „Југотон“ и онлајн на www.kupikartizase.com, по следниве цени и категории:

900 денари ПАРТЕР
1.000 денари SILVER SEATS
1.500 денари GOLDEN SEATS
2.000 денари ВИП

22814393_1829179073776778_4952347864501876985_n



Врати се горе ↑