Настани

21 април, 2017

Легендарниот Ричи Хотин е втората главна ѕвезда на „Грин бич фестивал“

„Грин бич“ не би бил вистински фестивал доколку го нема и својот втор фестивалски ден, а тоа значи и уште една главна ѕвезда со која е загарантирано дека ова лето на плажата Парк во Охрид нè очекува најмоќното издание на фестивалот! Покрај веќе најавениот настап на ненадминливиот маг на електронската музика Свен Ват, кон програмата на фестивалот Грин бич“ се приклучува и генијалниот РИЧИ ХОТИН (RICHIE HAWTIN), еден од најголемите електронски уметници на сите времиња кој ќе настапи во петок, на 28 јули!

Ричи Хотин е клучната личност на модерната електронска музика, истакнат иноватор и креатор на една од најзначајните техно етикети „Мајнус“ (MINUS), но и култната „Плас ејт“ (PLUS 8). Вистинскиот револуционер, Хотин е заслужен за популарицазијата на техно музиката, како и за развојот на денешните технолошки алатки кои ги користат водечките диџеј ѕвезди, а неодамна со компанијата „Ален & Хит“ (Allen & Heath) тој ја креираше новата миксета за која многумина тврдат деќа ќе предизвика нова револуција на диџеј сцената.

Британец по потекло, а израснат во Канада, Ричи Хотин важи за артист кој е секогаш во првите редови кога е во прашање инвентивната технологија во процесот на создавање музика. И тоа не случајно, бидејќи уште од детска возраст, неговиот татко кој е инженер за роботика, го охрабрува интересот на Ричи Хотин во музиката и технологијата. Денес Ричи Хотин е креативниот ум кој стои зад респектираните етикети „Плас ејт“ и „Мајнус рекордс“, негувајќи плејада таленти од деведесеттите до денес. Се разбира, веројатно и најважно од сè, тој е култниот ПЛАСТИКМЕН (Plastikman), електронскиот музичар пар екселанс кој со своите изданија ја одржува андерграунд агендата на авангардната електронска музика, неговото алтер-его со кое ја сочува својата уникатност и со кој остана секогаш свој меѓу новата електро-денс генерација на имиња како Скрилекс, Дедмаус и тн., ѕвездите кои Хотин го сметаат за амбасадор на старата гарда и херој на иновациите.

a0d9f1a8-fc52-41ac-9cf7-c6153db3a62a

„Њујорк тајмс“ за овој артист вели дека е „една од интелектуалните сили во светот на електронската музика“, додека пак славната Хито, една од неговите верни пријателки вели: „Ричи го претвори развојот на технологијата во уметност“. А восхитувањето за неговото дело стигнува и од различни области во кои Хотин го покажува широкиот спектар на неговата креативност. Раф Симонс, поранешен креативен директор на Диор, вели дека во моментите на инспирација тој ја слуша „музиката на Ричи Хотин како што другите слушаат класична музика“, нарекувајќи го „Крафтверк на денешницата“.

И тој е постојано авангарден. Во своите тинејџерски денови Ричи Хотин беше длабоко навлезен во техно сцената на Детроит во средината на ’80-тите, која во тоа време беше повеќе подземна музичка машина во зародиш отколку популарен стил. Стана диџеј, ја основа етикетата „Плас ејт“ со својот пријател Џон Аквавива, со кого подоцна во 2004 година беше дел од тимот кој го оформи и славниот „Битпорт“ (Beatport), денес најголемиот онлајн хаб за електронска музика. Заедно со пионерот на детроитската сцена Карл Крег, Хотин е запишан во историјата како двигател на вториот бран детроитско техно и предводник на андерграунд сцената на градот. Подоцна тој воедно беше и еден од пионерите на минимал техно стилот од берлинската сцена. Во тој период беше близок соработник и на Свен Ват, хедлајнерот на втората фестивалска вечер на Грин Бич Фестивал, а токму резиденцијата на неговите Cocoon журки на Ибица ја означи новата ера од кариерата на Ричи Хотин.

Во 2015 и неговата посветеност на едукацијата доби ново признание кога му беше доделен почесниот докторат на Универзитетот „Хадерсфилд“, за особен придонес во светот на музичката технологија. Минатата година пак, Ричи ја започна најавувајќи го создавањето на „Play Differently“ и новите технолошки производи кои ќе ја прошират креативноста на современата генерација артисти на електронската музика. А тој и понатаму не престанува да ги надминува границите на доживувањето на електронската музика. Само пред неколку дена, на гигантскиот фестивал „Коачела“ премиерно го претстави новиот аудиовизуелен спектакл „CLOSЕ“ кој има за цел да го хуманизира изведувачкиот процес во електронската музика.

ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА НАЈПОВОЛНИТЕ ВЛЕЗНИЦИ
Со настапите на РИЧИ ХОТИН во петок, на 28 јули и СВЕН ВАТ во сабота, на 29 јули несомнено е дека пред нас е досега најмоќното издание на најголемиот фестивал на електронската музика кај нас – „Грин бич фестивал“. Влезниците за фестивалот ќе бидат достапни во продажба веќе денеска (петок, 21 април) и тоа по првите цени од 650 денари за еднодневните билети и 1.200 денари за дводневните (фестивалски) влезници. Станува збор за најповолната понуда на билетите со 40% попуст во однос на нивната финална цена, кои ќе се продаваат само во ограничен број преку продажната мрежа на МКтикетс.



Врати се горе ↑