Концерт jm

3 ноември, 2014

Легендарниот маестро на гитара, Џон Меклафлин во Белград

Легендарниот џез фјужн маестро на гитара, Џон Меклафлин (John McLaughlin) на 6 ноември ќе гостува во Домот на синдикатите во Белград! Многумина го сметаат за еден од највлијателните и технички најдобри гитаристи на сите времиња, кој завладеа со мошне голем број стилови и жанрови. Меклафлин може да се пофали со биографија каква што имаат многу мал број музичари на планетава! Од Мајлс Дејвис, „Ролинг стоунс“, Карлос Сантана, гитарското трио со Пако де Лусија и Лери Кориел, до музика за балет и Филхармонијата на Лос Анџелес.

Овој виртуоз заминува на европска турнеја со својот џез квартет „Четврта димензија (The 4th Dimension)“, кој го сочинуваат уште и Гери Хазбанд, Етјен Ембапе, Ранџит Барот и во тој состав ќе го посетат Белград и ќе му подарат доживување од кое застанува здивот!

Влезниците се пуштени во продажба на сите продажни месна на ЦС Евентим, како и онлајн преку веб страните www.kombankarena.com  и www,eventim.rs. 



Врати се горе ↑