Настани dt-gbf

2 јули, 2014

Легендарниот Дени Тенаглиа со ексклузивен сет на „Грин Бич 2014“

ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ (Green Beach Festival) и обалата на плажата Парк во Охрид и оваа година се подготвени да ги пречекаат илјадниците фанови желни за незаборавна забава со врвните светски диџеи. Грандиозниот електро денс фестивал ја продолжува традицијата како Број 1 летен настан во Македонија и регионот, Subjects  во организација на Password Production и Octopussy Entertainment, на 1 август 201 4 ќе се одржи петтото издание на настанот кој со својата програма прерасна во една од дестинациите на светската диџеј елита.  Оваа година, на наше особено задоволство и по повеќегодишни обиди, како свој хедлајнер и за прв пат во Македонија, ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ конечно има чест да го угости легендарниот ДЕНИ ТЕНАГЛИА (DANNY TENAGLIA) – најдобриот њујоршки диџеј со повеќе од 200 продукциски изданија зад себе. 

Но и тоа не е сè! Кралот на трајбал хаус звукот Дени Тенаглиа доаѓа на ГРИН БИЧ со неговиот најпрепознатлив ексклузивен продолжен сет. Имено, Греми номинираниот диџеј и авторот зад култните „Be yourslef“ забави кои се прогласени за едни од најдобрите во светот е познат поддржувач на долгите сетови кои знаат да траат дури и по девет часа, а токму поради таа причина во последните години избегнува да сними било какво комерцијално це-де издание. Овој великан со кариера која трае повеќе од три децении, доаѓа во Охрид токму со еден од ваквите сетови, со кој дефинитивно ќе му даде Submit an димензија на незаборавниот провод на Грин Бич фестивал со гаранција дека и на ова издание фестивалот ќе ја одбележи најдобрата електро-денс забава годинава. Приказната за љубовната афера на Дени Тенаглиа со музиката, и последователната романса на светот со него, е една од клучните артерии во телото на денс музиката. Моментумот почна да се гради во раните 70-ти години во Њујорк, кога едвај 10-годишниот Дени прв пат го почувствува винилот во своите раце. Во 1985 година ја започна својата успешна диџеј кариера во Мајами како резидент во „Чирс“ (Cheers) клубот. Подоцна започна да гради импресивен ростер со ремикси, кој вклучува и артисти како Рајт сед Фред (Right Said Fred), Џамироквај ( Jamiroquai ), Депеш Мод (Depeche Mode), Грин Велвет (Green Velvet), Блонди (Blondie), Феитлес (Faithless), Џенет Џексон (Јanet Jackson), Мадона (Madonna) и многу други. Насловот на неговиот деби албум објавен во 1995 година за њујоршката етикета „Трајбал Рекордс“ (Tribal Records) совршено го опишува неговиот музички став: „Hard & Soul“. По три годни се појави и албумот „Tourism“, на кој се најдоа денес веќе легендарните хитови Elements“ и Music is the Answer.

 

Во 1999 година Тенаглиа ја започна и својата неделна резидент забава во клубот „Винил“ во Њујорк, насловена „Be Yourself“, која денес се вбројува во најдобрите светски забави. Изданието на неговиот прв дел од британскиот „Глобал Андерграунд“ (Global Underground) серијал на диџеј миксови, насловен „Athens“ (2000), го разгори меѓународниот пламен од неговата кариера и светот го фати чекорот со Тенаглиа. Со неговата годишна забава за време на Зимската Музичка Конференција во Мајами (Miami’s Winter Music Conference) го надмина својот првичен дом во претесниот „Грувџет“ (Groovejet) и се пресели во тукушто отворениот суперклуб „Спејс“ (space). На оваа забава диџеј гигантите како Карл Кокс (Carl Cox) танцуваа над звучниците заедно со Дип Диш (Deep Dish) момците, Фетбој Слим (Fatboy Slim) флертуваше низ подиумот и за еден ден Тенаглиа беше прогласен за неприкосновен крал, „Диџеј на диџеите“. Неговиот опасен ремикс на синглот „Flash“ на Грин Велвет ја освои наградата „Најдобар Ремикс“ на британските „Мјузик Авордс“ ( UK’s Muzik Awards ), каде што исто така беше награден и со признанието за „Најдобар Интернационален Диџеј“.

Во следните неколку години, Тенаглиа беше номиниран за Греми (за неговиот ремикс на синглот „I Feel Loved“ на Депеш Мод), се најде на насловните страници на сите релевантни списанија за денс музика и ја освои „Денс стар“ наградата за животно достигнување (Dance Star Lifetime Achievement Award) .Во 2003 година, Дени освои уште една „Денс стар“ награда, овој пат за „Најдобра Забава“ за неговата славна „Be Yourself”. И со секоја година од започнувањето на неговата диџеј одисеја, сè повеќе луѓе постојано за прв пат го искусуваат доживувањето кое го приредува Дени Тенаглиа, тој клаберски обред кон преминот кој засекогаш го менува начинот на кој ја слушате музиката, се забавувате во ноќните клубови и размислувате за диџеите. Дури и по 30 години кариера Дени Тенаглиа сè уште продолжува со светски турнеи и се чини тој сè уште е на самиот почеток на иднината. 

Наскоро очекувајте и нови изведувачи од програмата на петтото издание на ГРИН БИЧ ФЕСТИВАЛ! Влезниците наскоро ќе бидат достапни во продажната мрежа на МКтикетс.



Врати се горе ↑