Концерт LEB I SOL SYMPHONY op.111

3 март, 2014

„Леб и сол“ со концерт во „Станица 26“

Една од најстарите македонски групи и основоположници на квалитетна музика на овие простори по подолго време ќе одржи самостоен концерт во Скопје. Легендарните „Леб и сол“, кои наскоро ќе го прослават 40-годишниот јубилеј на успешно претставување на нашата земја по целиот свет, ќе ги отсвират своите незаборавни песни во новото култно место, скопскиот ноќен клуб „Станица 26“ на 5 март.

По низата успешни концерти на одбрани домашни изведувачи во истиот клуб, публиката по подолго време повторно ќе ја има честа заедно со „Леб и сол“ да ги запее своите омилени рефрени како: „Распукала Шарпланина“, „Си заљубив“, „Учи ме мајко, карај ме“ и многу други хитови. Ова ќе биде уште една одлична можност повторно нашите најголеми легенди да се претстават со еден ваков клупски концерт токму во „Станица 26“. Со оглед на капацитетот на клубот, влезниците ќе бидат во ограничен број и истите ќе чинат 350 денари во претпродажба, а можете да ги набавите во кафе бар „Кала“ на „Ленинова“.



Врати се горе ↑