Настани eco green festival

18 јули, 2013

Леб и сол, Гоце Саф, Дани и други на „Eco Green Festival“ во Маврово

Oд 16-ти до 18-ти август на самиот брег на Мавровското езеро, на познатата локација – игралиштето на село Маврово ќе се одржи „Еко зелен фестивал“ (Eco Green Festival Mavrovo). Програмата на фестивалот е разновидна, од егзибициониен натпревар во скијање на вода, прецизно слетување на параглајдеристи и падобрански скокови и “mountain bike” слалом возење, преку планинарска тура Маврово–Меденица–Маврово, искачување на Кораб, кружна ревијална велосипедска тура околу Мавровското езеро, до натпревари во влечење јаже, фрлање камен, брзо пилање и сечење дрва, како и спортски риболов на ситна риба на пливка и fly fishing.

Дел од музичката програма на фестивалот се: DJ Valentino Kanzyani, DJ Sabb, Леб и сол, Летечки пекинезери, Гоце Саф и ЛД Пистолеро, Conquering Lion, Shine, DJ Flooder, DЈ Lephonqe, DJ Iceberg, DJ Мачки, Aliber, Дани Димитровска, План Г, Five fingers band, Чалгија саунд систем, Томи Бојаџи, Igor Iox,  DJ Zomax, DJ Brane, DJ Johan и DJ Koks.

Последниот ден на фестивалот е предвиден како чистење на локацијата и околината од отпадоци и смет. За посетителите на фестивалот организаторот обезбеди бесплатен камп во самата близина на фестивалското случување.

Повеќе информации на ecogreenfestivalmavrovo.mk



Врати се горе ↑