Аудио 10312551_10152511573968478_2930907919046987166_n

5 јуни, 2014

„Lazy Afternoon“ е новата песна на Горан Папаз

По соработката со Тони Зен за темата „Надеж“, виртуозот на саксофон Горан Папаз вчера го претстави своето најново музичко парче кое го носи насловот „Lazy Afternoon“. „Со задоволство ви ја претставувам мојата нова песна! Огромно благодарам до мојот продуцент Александар Масевски кој се погрижи за сè да звучи како што треба! Исто огромно фала до Танче Гроздановски aka Тане (Day Off) кој со своите магични прсти на гитарата ми ја разубави целата нумера! Оливер Ѓориќ ти благодарам за фотографиите! Ви благодарам на вниманието и се надевам дека ќе ви се допадне!“, напиша Папаз на својот профил на Фејсбук, а како звучи новата песна можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

Фотографија: Оливер Ѓориќ

 



Врати се горе ↑